На денешен ден Тоше победи на “Радиски фестивал” 

На денешен ден, 10 јуни, во 2007 година, македонската бајковита легенда Тоше Проески со песната “Вежи ме за себе” како единствен претставник од Македонија, настапи на  “Радиски фестивал”. Автори на песната беа Миро Буљан (музика и текст) и Антонија Шола, а беше снимена во студиото “Метро” во Љубљана.
На овој тогаш најпрестижен балкански поп фестивал, кој се одржуваше на островот Хвар во Хрватска настапија и Горан Каран, Аки Ракимовски, Ивана Банфиќ, Јасмин Ставрос, Маја Шупут, “Црвена јабука” и  други.
На барање на публиката, каде Тоше тогаш беше мегапопуларен, впрочем како и низ цел Балкан, одржа и двочасовен концерт пред хрватската публика. Еуфоријата по него, уште се прераскажува…

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.