Скопје, 5 јуни 2022
На денешен ден пред 33 години, поточно во далечната 1989 година, во Скопје е отворена првата музичка продавница “Баги шоп”. Место во кое музичките поклоници ги набавувале и купувале своите винили, плочи, касети, а некои во тоа време само го посетувале, како музеј.
Сопственикот Владимир Мандичевски Манде денес го води бизнисот наречен “Баги комуникации” кој всушност е продолжение на оваа убава градска приказна, и се занимава мошне успешно со организирање на концерти, музички спектакли и разни настани.
Горан Стефановски дал изјава за значењето на ова парче простор со музика, а Влатко Стефановски некогаш бил и пријател и посетител на “Баги шоп” и екипата, денес е нивни ексклузивец, под чија закрила ја гради својата славна соло кариера .