ЕКСКЛУЗИВНО: Јана Манева Чупоска нов Претседател на Друштво на Ликовни уметници

smart

Познатата ликовна уметница Јана Манева Чупоска денес ,сабота, (04.06.2022 година) на вонредното годишно собрание на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Дом на АРМ во Скопје, е избрана за нова Претседателка на Друштвото на ликовни уметници ДЛУМ.

Јана беше единствениот кандидат и беше избрана со 37 од 41 гласачко ливче, од кои две беа незаокружени и  две неважечки.
На дневниот ред беа и:
1. Воведно обраќање
2. Детален финасиски извештај за злоупотребата на финасиски средства од страна на бившиот Претседател на ДЛУМ Филип Фидановски и извештај за превземени правни постапки
3. Детален извештај на Уметнички совет
4. Формирање на комисија за пребројување на гласовите за избор на Претседател на ДЛУМ
5. 20 минутно презентирање на кандидатите за Претседател на ДЛУМ
6. Тајно гласање за избор на Претседател
7. Јавно пребројување на гласовите
8. Прогласување на резултатите од гласањето за избор на Претседател на ДЛУМ
9. Обраќање на новиот Претседател, г-ѓа Јана Манева Чупоска…

Јана се заблагодари на изборот и ја  претстави својата програма.

Нејзиниот татко, господинот Коле Манев, надалеку познат сликар, своевремено бил исто така Претседател на ова друштво.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.