Денес денот, како и секој трети во шестиот месец од годината е посветен на Царица Елена (Flavia Iulia Helena Augusta) која го пронашла делот од крстот на кој бил распнат Исус што било причина да биде прогласена за светица. Била сопруга на царот Константиј Хлор Први (Flavius Valerius Constantius, Flavius Valerius Constantius Chlorus, Constantius I) кој името Хлор го добил затоа што имал блед тен од морската болест која го напаѓале неговото здравје.
Свети Константиј- нивниот син (Сonstantinus I, Magnus или Flavius Valerius Constantinus) бил последниот цар кој управувал со целата Римска Империја, а како престолнина го прогласил Константинопол (денешен Истанбул).
Забележителен и важен податок за царот Константинос I Магнус е што по Божја промисла го создал христовиот монограм или лабарум (☧) којшто се состои од првите две грчки букви во зборот Христос (грч. ΧΡΙΣΤΟΣ, или Χριστός), буквите Х (хи) и Р (ро) Лабарумот потсетува на комбинација од букви кои Христос треба да го прикажат како добар пастир на своето стадо.
Р- потсетува на пастирски стап, а Х потсетува на крст.
Дотогаш не било ни чуено ни видено за ваков знак, но постои приказна која се пренесува од колено на колено, којашто го раскажува мистичното царево искуство кое го определило неговиот религиозен пат.
Лактантиј во списот „За смртта на прогонителите” кој го напишал околу 317 година, ни кажува дека Константин во ноќта пред битката битката крај Милвијскиот мост сонил- на штитовите на своите војници да ја стави буквата Х со вертикална црта закривена кај врвот, која ќе формира христограм.
Според Евсевиј Кесаријски во царевата биографија Vita Constantini која ја составил по 337 година пишал дека царот Константин и неговата војска забележале светлосен знак на небото- крст на кој пишувало “со ова победувај” (τουτο νικα).
Константин не бил сигурен што точно значи таа визија, но потоа на сон му се појавил Христос и му препорачал да направи воено знаме во форма на знакот виден на небото и да го користи во битката.
Утредента Константин наредил да се создаде лабарум на чиј врв ќе бидат споени буквите Х и Р во вид на монограм.
По тој настан царот го следел божјиот пат кој му се покажал и собрал околу себе христијански свештеници од кои побарал да го упатат во христовата вера.
Тој бил го свикал Првиот Вселенски собир во Никеја во 325 година. За него најважни биле слогата и мирот на кои повикувал.
Вечни да ви се имињата на сите кои со нив го продолжувате споменувањето на овие двајца светители- мајка и син!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.