Културно-информативниот центар на Република С. Македонија во Софија дека во рамките на Единаесеттиот меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ ќе учествува со два настана.
На 5 јуни 2022, 18 часот, во Градска галерија во Созопол ќе биде отворена изложбата „Слобода?!“, составена од дела на македонски и бугарски современи ликовни уметници.
https://kic.com.mk/mk/content/izlozhba-sloboda-zaednichka-izlozhba-na-makedonski-i-bugarski-likovni-umetnici-vo-sozopol
По отворањето на изложбата од проектот „Поврзување“ во Градската галерија во Созопол, КИЦ на Република Македонија учествува во културната програма на Единаесеттиот меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ со уште еден културен настан, а тоа е концертот на Трио Академико (Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет, Наташа Трбојевиќ – пијано) . Концертот на наставниците од Факултетот за музичка уметност во Штип ќе се одржи на 5 јуни (недела) 2022, со почеток од 20:30 часот во Археолошкиот музеј на Град Созопол.
https://kic.com.mk/mk/content/koncert-na-trio-akademiko-vo-ramkite-na-edinaesettiot-megjunaroden-frankofonski-festival