На Втори јуни, Трубадури и италијански знамиња во Скопје

ДЕФИЛЕ И НАСТАП НА ТРУБАДУРИ И ВЕЈАЧИ НА ЗНАМИЊА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА, 2 ЈУНИ

Во чест на денот на Италијанската Република, 2 јуни, Амбасадата на Италија, на плоштадот Македонија организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино, Италија.
Дефилето ќе започне во 18.30 часот од улица Македонија пред кафулето PLAY, низ целата улица, сé до плоштадот Македонија, каде во 18.40 часот групата ќе се претстави со своја изведба пред публиката.
Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња.
Неверојатна изведба која не смее да се пропушти!
Настанот е овозможен благодарение на спонзорството на Комерцијална Банка АД и ГЕНЕРАЛИ Инвестментс АД Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.