Данскиот тинејџерски филм „Хакер“ во режија на Пол Берг ќе биде прикажан в сабота на „Џифони филмски денови“ во Кинотеката на Северна Македонија. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, а гласовите ги позајмија: Steffonator, Гораст Цветковски и Кристина Христова-Николова.
Тринаесетгодишниот Бенџамин е врвен хакер, но исто така и тинејџер кој е многу недоверлив кон другите по смртта на неговата мајка пред седум години. Бенџамин, кој никогаш не го познавал својот татко, живее во дом за сираци. Еден ден на посета доаѓаат двајца мажи од Тајната разузнавачка служба на Данска кои го известуваат дека една жена за која веруваат дека е мајка му на Бенџамин била регистрирана од надзорните камери на аеродромот неколку дена порано. На почетокот, Бенџамин е шокиран од веста. Сепак, тој наскоро се решава да ја испита работата и да дојде до вистината.
Од 12.30 часот ќе следува филмска работилница во Кинотеката, што ја води режисерката Марија Џиџева.
Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.
Тинејџерскиот филм “Хакер” во сабота во Кинотека
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.