Д-р Снежана Џамбазова- Попорданоска ќе промовира нова книга

“Себеспознавањето е светлина која води кон самореализација” вели Д-р Снежана Џамбазова- Попорданоска во својата најнова книга “Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата” која што ќе биде промовирана во сабота на 7ми мај во 19.00 часот во Меморијалниот Центар на Холокаустот во Скопје. Водителка на промоцијата ќе биде познатото тв лице, шармантната Александра Паноска-Димитровска, промотори се Силвана Димитревска и Дину Вангели, а вечерта ќе ја збогати и настапот на нашата поерска дива, извонредната Серафина Фантаузо.
Книгата „ Да се живее поинаку“ постави нови стандарди во областа на психолошки и мотивациони книги чија што главна цел е да му помогне на секој поединец да се спознае себеси, да ги надмине сопствените ограничувања и во целост да ги отклучи своите скриени потенцијали кои секој од нас неминовно ги има, но за кои могу често и самите не сме свесни дека ги поседуваме. Првиот дел од оваа книга насловен како „Да се живее поинаку – Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода“ му понуди едно уникатно искуство на читателот, спојувајќи ги психологијата, уметноста и долгогодишната пракса на авторот во истражувањето на длабочините на човековата душа. Вториот дел од ова извонредно авторско дело, насловено како „Да се живее поинаку – Патување кон самореализација“оди чекор понапред, се искачува едно скалило погоре и во согласност со самиот наслов, всушност го доближува читателот до вистинската самореализација, – вели промоторката Димитриевска.
Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска е доктор по медицина, психолошки советник и доктор на психолошки науки. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Д-р Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест. Нејзините книги се објавени на анлиски јазик во Австралија и во Америка, а сега се достапни и на македонски јазик. Според Попорданоска, тоа и носи посебна радост бидејќи, иако повеќе од 30 години таа работи и живее во Австралија, нејзините македонски корени ја поттикнуваат својата благородна мисија да им помага на луѓето да го подобрат квалитетот на животот сега може да ја оствари и во својата родена земја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.