Почнува Мониторинг на православното културно наследство

smart

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во следниот период ќе спроведе мониторинг со цел да се изврши увид во состојбата на зачуваноста на православните добра и потребата од заштитни интервенции на црквите и манастирите во државава. Мониторингот ќе го спроведуваат специјалисти од областа на културното наследство, организирани во пет теренски тимови, а во увидот и проценката се опфатени 700 цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.

По тој повод денеска во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Нерези се одржа промотвна презентација на проектот, на која Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, од кое, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму православното културно наследство.

Поздравно обраќање имаа и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан, господинот Аријан Асланај, директор на Управата за заштита на културно наследство, нејзината екселенција Кејт Мари Брнз Амбасадор на САД во нашата земја.

За вредностите на македонското православно културно наследство говореше д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ.

На тема “Улогата на Македонската православна Црква Охридската архиепископија во Заштитата на вредностите на македонското православно културно наследство!” се осврна професор д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет Свети Климент Охридски Скопје, а за Македонската православна црква – Охридската Архиепископија во медиумите, новинарот и ирњд7) Марјан Николовски. Присутните извршија и терени мониторинг на Манастирот Свети Пантелејмон, Нерези.

-Неразбирливи се неангажираноста и неажурноста на надлежните институции од културата за враќањето на предметите од страна на соседните држави како на пример Албанија украдени икони и предмети од Македонија, подвлече архепиоскопот.

На презентацијата присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, која ја потенцираше поддршката за заштита на културното наследство во државава.

Проектот е во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт департментот на наследството на заедниците.

Македонскиот комитет на Меѓународен совет за споменици и локалитети ИКОМОС во Македонија е членка на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС во Париз, која пак е најголемата светска стручна невладина организација вој сферата на заштитата и конзервацијата на културното наследство. Националниот комитет ИКОМОС Македонија е основан на 24 февруари 1994 година, по иницијатива на 43 конзерватори од Македонија, како “Конзерваторски еснаф на Македонија. Има потпишано Меморандум за соработка со Националните комитети на ИКОМОС од Србија, Косово, Бугарија и Грција.

Валентина Ѓоргиевска Парго

smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
smart
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.