Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Танц-фест“ ќе биде затворено, вечерва на големата сцена на Македонскиот народен театарсо претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.
Во претставата учествуваат петнаесет млади танчари од Кина, кореографијата е со потпис на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.
На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за Инкубатор младите уметници, кои годинава во голем број учествуваа во програмата преку три уметнички категории – музика, современ танц и визуелни уметности.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.