Третото издание на Скопски Градски Фестивал (СГФ) е конципирано по урнек на градските музички фестивали во Европа и светот, во двата фестивалски денови публиката ќе може да проследи врвни музички имиња и програма која ги задоволува вистинските музички сладокусци.
На 6 мај, на Школка во Градски Парк ќе настапат:
– Мухамед Ибрахими – извонредниот македонски музичар, гитарист со уникатен на овие простори стил и израз. Неговата музика е фузија на рок, блуз и амбиент, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор.
– Code 369 – во моментов најинтересниот македонски рок состав, составен од врвни музичари, со долгогодишно искуство. На настапот на СГФ ќе го промовираат материјалот од новиот албум „Стадиуми на љубовта“ (Stages of Love). Code 369 се одликуваат со енергични живи настапи, инвентивно музицирање и фантастичниот вокал на пејачката Ирена Димовска.
– Texas Flood – најпознатиот и најдобар балкански и европски R’n’B бенд ни доаѓа од Белград, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger), легенда на ритам и блуз сцената. Ненад има настапувано со некои од најпознатите светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed.
Концертите на 6 мај на Школка ќе започнат во 20 часот и се бесплатни за публиката.
Скопски Градски Фестивал е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.
Медиумски покровители Слободен Печат, Радио Бубамара и Урбан ФМ.
Во мај, третото издание на Скопски Градски Фестивал
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.