Репортажите од дестинациите кои сум ги посетила, секогаш ми биле новинарски предизвик, најверојатно затоа што се спој на новинарството и креативноста а токму во нив, секој еден вљубеник може да ги најде и двете страни.
Не знаев дека онаа репортажа која ја напишав за време на Корона пандемијата, во еден од деновите на карантин, која беше за Женева, градот кој го посетив многу одамна, а првата “вистинска “ репортажа на првото мое посткоронарно патување ќе биде по повод мојата пролетната средба со Швајцарија. Овој пат патувањето беше преку (Fridrishafen –Konstanz) до Шафхаузен и Цирих и неколку околни места на кои и не се трудев да им го запомнам името, затоа што во себе ја чуствував нивната спокојна енергија.
Она што ги спојува деловите на кантоните Шафхаузен и Цирих, како и границата во тој дел со Германија е величествената река Рајна, која извира од Алпите и патува се до базенот на Северното море. А на тој пат како една од најдолгите и најважните реки во Европа нејзиниот пат е долг 1234 км. Името на реката доаѓа од келтскиот збор Ренос што значи “таа која тече“. Рајна и Дунав уште од времето на Римското царство го образувале најголемиот дел од северната граница и од тоа време Рајна е витален пловен дел од водениот пат, низ кој постојано се превезува стока во внатрешноста на континентот.
На својот пат оваа импозантна река поврзува четири држави: Швајцарија, Германија, Франција и Холандија и најмалку 10 големи градови и стотици помали градови и места низ овие држави. Изворите на Рајна се во Алпите во кантонот Граубинден каде се спојуваат нејзините две притоки Фордерајн и Хинтерајн, во близина на местото Рајхенау. Оттаму како Алпска Рајна тече на север до Линхештајн, потоа во Австрија и се влева во Боденско езеро. Повторно се излева од Боденско езеро и како Горна Рајна поминува низ Водопадите на Рајна каде во неа се влева реката Аре, која и го зголемува нејзиниот водостој. Низ Германија кај Базел преминува во Франција, оттаму во Холандија и се до Северноатланскиот базен.
Највпечатливата природна атракција во овој регион на Швајцарија се наоѓа во околината на градот Шафхаузен а тоа се водопадот на Рајна, кој е всушност и најголемиот водопад во Европа. Водопадот ја добива својата најголема сила на почетокот на летото и токму во тоа време во Шафхаузен доаѓаат многу туристи кои сакаат да го видат.
ВОДОПАДИТЕ НА РАЈНА
Токму тука на вливот т.е. изливот од Баденското езеро ја сретнав Рајна, со сета нејзина ранопролетна убавина во градот Шафхаузен, градот кој бил единствен од независна Швајцарија во Втората светска војна, кој бил бонбардиран од Фашистичка Германија и кој го спасил целото свое население, собирајќи го во тврдината Мунот. На водопадот може да се восхитувате од различни платформи за набудување, од кои има многу на северниот брег на Рајна. Но, најдобриот преглед и најубавиот поглед од јужниот брег на реката, од местото кај замокот Лауфен. Во ранопролетните денови на март кога го посетив водопадите сеуште не беа бликнале со сиот нивни сјај, но сепак имав чуство дека во тоа облачно со срамежливо сонце, време на кое ни пропрскуваа и капки дожд, дојдов до изворот на една нова вдахновена свежина која долго ќе ја чувствувам. Вредните Швајцарци, забрзано ги правеа подготовките за отварање на сезоната а расцветаните дрвја потврдуваа дека каде да е тука е новата пролет на водопадите.
ТВРДИНАТА МУНОТ
Друга атракција на Шафхаузен е тврдината Мунот. Лоцирана е недалеку од манастирскиот комплекс, кај Мунотиег, 17.
Кружниот wallid на тврдината е изграден во периодот од 1564 до 1589 година, проектот бил познат уметник Албрехт Дурер. Дирер бил сигурен дека кружните утврдувања се најнепрегледни, бидејќи тие овозможуваат ефикасна одбрана од сите страни. Тврдината Мунот секогаш имала одлична одбранбена функција и во два века постоење, не успеа да го одбрани градот и границата само еднаш – во 1799 година кога ја презеле Французите. Неколку години после тоа, тврдината го изгубила своето значење а за нејзината состојба повеќе не се грижел никој и почнала да се урива.
Но, после Втората светска војна Мунот е место кое е постојано отворено за бројните туристи како и оние кои живеат во околината и често го посетуваат заради преубавиот поглед и многуте содржини што ги нуди.Од врвот на Тврдината имате преубав поглед кон доаѓањето и заминувањето на Рајна кон Боденското езеро.
ГРАДОТ ШАФХАУЗЕН
Најблиску до водопадот на Рајна е железничката станица Неухаузен на Рајнвал, што е на 3 минути возење од главната станица и центарот на градот.
Шафхаузен е град, кој се наоѓа во најсеверната точка на земјата, се протега во горниот тек на Рајна, помеѓу езерото Констанца и Црната шума. Овој мал град со службен јазик, германски е главен град на истоимениот кантон во Швајцарија.
Интересна карактеристика на Шафхаузен се фасадите на зградите, насликани со шарени фрески. Фасадата на ресторанот Тиергартен изгледа оригинално – иако зградата беше уништена во 1944 година, таа беше целосно обновена и сликата што ја украсувала фасадата била пресоздадена. Благодарение на живописот што ги покриваше wallsидовите, Хаус зум Ритер (Куќа на витез) се здоби со огромна слава во Швајцарија.
Стариот град може да се види за само 40-50 минути додека тивко и полека шетате низ него. Постојат многу интересни и уникатни детали кои дефинитивно е убаво да се видат спокојно и без непотребно брзање. Прозорците на заливот, од кои има повеќе од 170, се препознаваат како вистински „белег” на Шафхаузен. Секој од нив е посебно уметничко дело со оригинални скулптури, фалсификувани елементи и други украси.
Куќата на Најт, позната обележје на Шафхаузен, се наоѓа на Kronengässchen, 3. Зградата е изградена во 1492 година, обновена во 1566 година од страна на Ритер Ханс фон Валдкирх – оттогаш е наречена „Куќа на витезот“.
Оригиналите на фреските што ја красат фасадата на Хаус зум Ритер се на Тобијас Стимер датираат од периодот помеѓу 1568 и 1570 година. Во 1935 година, муралите биле отстранети од фасадата за да се заштитат од уништување, а делата на Стимер биле многу вешто репродуцирани од уметникот Карл Роеш. Што се однесува до оригиналите, тие се наоѓаат во Музејот зу Алерхајлиген, кој го зафаќа зградата на манастирот „Сите светци“.
Она што фасцинира во овој мал но голем град, е неговата сталоженост, поврзаноста на сите градски делови и бројните сведоштва на минатото кои се сплотени со денешницата.
ЦИРИХ
Цирих е најголемиот град во Швајцарија, во нејзиниот северен, германски дел. Цирих е и главен град на истоимениот кантон. Градот е и економски и сообраќаен центар на земјата, а на полето на банкарството Цирих е важен на светско ниво. Според една меѓународна студија од 2007 година, Цирих е град со најдобар и највисок животен стандард на светот.
Цирих се наоѓа на северот на Швајцарија, на местото каде што алпската планинска област на југ се спушта во брановидната област на централна Рајна на север. Самиот град се наоѓа на долниот (северозападен) крај на Циришкото Езеро на изворот на реката Лимат. Надморската височина на градот е околу 408 m, но најнаселените населби се искачуваат до 600 m. Цирих се наоѓа во долина помеѓу три рида; на североисток е Цирихберг, на северозапад Алтберг, а на југ градот Уетлиберг. Административната област на градот Цирих се протега надвор од Цирих на север до аеродромот Цирих-Клотен.
Цирих е формиран на долниот (северозападен) крај на Циришкото Езеро, каде од езерото тече реката Лимат. Стариот град Цирих се наоѓа на двете страни на реката Лимат а реката тече низ градот прво на север, потоа во долга кривина свртува кон запад и тече понатаму кон соседниот кантон Аргау. Во градот Цирих, помалата река Сил се влева во Лимат. Тие се среќаваат помеѓу главната железничка станица на Левенплац. Реката Сил извира во северните Алпи од блиското езеро Сил.
Е тука веќе имаве среќа. Токму тој беше првиот ден раноаприлски, во оваа сезона кога веќе пловеа бродовите низ Циришкото езеро и реката Лимат. Вистинска среќа и едночасовно пловење кое беше убав знак дека новата сезона е на прагот а за мене убава мисла дека животот е постојана пловидба, па затоа додека го пиев убавото кафе во Kafe Sprüngli кое се наоѓа во “најбогатата“ улица на светот “улицата на сите светски брендови“ си помислив дека следниот пат пловењето низ животот, ќе ме однесе до некоја од следните интересни места во Швајцарија која би сакала да ги посетам, можеби и на некој попатен престој со крајна цел, некоа друга интересна европска дестинација.
И дотогаш Bis zum nächsten Mal (До следно видување)
М-р Татјана Гогоска
Неозначените фотографии се приватна архива на авторот на текстот.