Скопје, 7 април 2022
Со уметнички перформанси, во поликлиника “Ружа” во Капиштец, денес беше одбележан 7. Април – Светскиот ден на здравјето. Настанот го сочинуваа разновидни изведби, а присутен беше и крводарителот Миле Јанковски. Се слушна поезија од Мендо Димовски, Лилјана Стоилковска, од поп ѕвездата Драган Мијалковски, но и Љубиша Николиќ и Билјана Ѓореска, а присутните ги поддржаа со аплаузи, меѓу кои беа и новинарката Валентина Новковска Трајковска, шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски, хористката Викторија Велева… Кулминација се постигна со изложбата “Цвеќе на мирот и хуманоста” и подарените 30 цртежи од уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин.
Во чест на ова светско празнување, под менторство на Катерина Митковска (претседателка на Здружението на просветни работници на Скопје) , три ученички од ученичкиот дом при СМУГС “Д-р. Панче Караѓозов”, мереа крвен притисок.
-Се обидовме да ја споиме медицината и уметноста. Ги поддржавме здравствените работници и матични лекари кои 24 часа и беа на располагање на пациентите во време на пандемијата овие две години, и заслужуваат поголемо внимание и поддршка, беше нивната порака.
Во име на персоналот на присутните им се обрати Д-р Ружа Костовска ( на фотографијата) управител на поликлиника “Ружа”, а телефонски ги поздрави заменик министерот за здравство, доктор Владимир Рендевски.