07.04. 529 година бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик

Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis)) — кодификација на царските закони од  11 век  до тогаш.

Јустинијан I ( латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus;11 мај 483 -13/14 ноември 565 ) — византиски владетел од Македонија како цар на Источно Римско Царство ( 527-565) , христајанин и православен теолог. Настојувал да ја обнови моќта и големината на Римско Царство која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на царството, првенствено со воените походи на Велизари, како и по неговиот брак со царицата Теодора , која била сметана за негов корегент. Историјата го памети и како голем реформатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до IX век, кога таа повторно ќе се издигне.

Изградил голем број храмови , од кои најубав е Света Софија во Цариград . Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распуштеност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536  година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот вселенски собор во 553 година.

Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, светиот цар Јустинијан се смета за светец во христијанството.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.