Масимо Савиќ на 29 мај на стадионот на АРМ во Скопје

Поп ѕвездата Масимо Савиќ, кој настапуваше во Универзална сала, МОБ, Македонска филхармонија пролетва ќе пее на голем концерт на отворено во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.
Вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), ќе се случи на 29 мај на стадионот на АРМ во Скопје.
Сет листата ќе биде полна со хитови од целата негова кариера од Dorian Gray и Sjaj u tami, па се до последниот хит „Mali krug velikih ljudi“, кој се закити со наградата „Порин“ во категоријата „Песна на годината“ за 2021 година.
Влезниците се пуштени во продажба од 1 април, низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: Партер 900, Фан Пит 1.200 денари и Вип 1500 денари.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.