Србија избра: Констракта патува за Торино!

Песната “In corpore Sano” годинава ќе ја претставува Србија на Избор на Песна за Евровизија, во мај во италијанскиот град Торино.

Во спектакуларно музичко шоу во Белград и во конкуренција од 18 песни (поточно 36 песни изведени во две полуфинални вечери, и 18 во финалната), Констракта доби музичка виза да отпатува на Евровизија.
Некои од коментарите беа дека конечно праќаат пејачка без силикони и без провокативен задник.
Србија на Евровизија триумфираше во 2007 со победата на Марија Шерифовиќ и песната “Молитва”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.