Скопје, 26 февруари 2022
Со рецитирање на поезија, раскажување на случки, анегдоти, евоцирање на спомени, денес во Скопје се одржа средба на неколку познати личности, кои се потсетија на делата на незаборавни македонски дејци и великани.
Познатиот актер Благоја Чоревски раскажуваше за театарските доајени, почнувајќи од неговиот татко, Трајко Чоревски, еден од основачите на Битолскиот народен театар, па сѐ до актери, режисери, сценаристи, театарски работници, со кои соработувал во текот на својата плодна актерска и директорска кариера .
Уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин акцент стави на великаните Гоце Делчев, Блаже Конески и Кочо Рацин.
Прочитана беше поезија од поетите кои на Струшките вечери му посветувале песни, по повод неговата цветна мисија, а кои повеќе не се меѓу нас.
Се зборуваше за Славко Јаневски, Булат Окуџава,Гане Тодоровски, Томас Шапкот, Хусто Хорхе Падрон, Петре М. Андреевски, Србо Ивановски, Радован Павловски, Тибор Сеќељ, Ален Гинзберг, Десанка Максимовиќ…
Шаховскиот шампион Димитар Илиевски се потсети на средби и игри со некогашни шаховски шампиони, како и на Роберт Боби Фишер кој своевремено одиграл реми со неговиот брат Борче.
Сценаристот и новинар Гоце Ристовски зборуваше за познати македонски публициски и новинари, чии дела ќе живеат вечно…
“Сечавање на незаборавните” беше именуван овој сплет од потсетувања, поезија, цветни цртежи, цветни ленти и мироносни пораки.