Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка („Битлси“, „Ролинг стоунс“, „Пинк флојд“, „Лед цепелин“, „Дип парпл“), ќе одржи голем концерт на 28 мај на стадионот на АРМ во Скопје, најави „Авалон продукција“.
Актуелната долгогодишна петорка: Иан Гилан, Иан Пејс, РОџер Гловер, Стив Морс, и Дон Ири, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се` подобро и подобро свират во живо!?”
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.
Доволно е само да се каже името на продуцентот на последниот албум “Turning to crime”, Боб Езрин – човек којшто како продуцент потпишува албуми на „Аеросмит“, „Пинк флојд“, Лу Рид, Питер Гејбриел,Андреа Бочели, и други понови бендови како „30 секандс ту Марс“ и Дефтонс“.
-Навистина е раритентна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и „Дип парпл“ и „Вајтснејк“ во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата (заедно со концертот на „Пласибо“) во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период – велат организаторите.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (среда, 23.02.2022 година) низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории: ПАРТЕР – 1.500 денари, ФАН ПИТ – 2.000 денари (само 2.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба).