Во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е една од најстарите галерии и овие денов е домакин на изложба со дела од македонскиот уметник кој долго живее во Франција, Киро Урдин.
Изложбата на Урдин вклучува околу 150 дела, од кои 118 работени во мал формат и во маслена техника, 12 во техниката акварел и 20 други слики во среден формат.
Киро Урдин ги изработел сликите за време на 14-месечната изолација, наметната од пандемијата со коронавирус . Делата се посветени на луѓето од целиот свет и со нив сликарот оддава почит кон човечката сила што се справува со здравствената криза, во која голем број луѓе го загубија животот.
Инаку импозантно место зазема сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника.
Како дел од изложбата која публиката ќе може да ја види до 10 април, ќе бидат претставени и документарен филм и книга, со наслов „Табула раза“.