Tијана Периќ ја претставува Македонија на светскиот сајбер фестивал “Јунајтед вижн”

На  новиот светски виртуелен забавен  фестивал ЈУНАЈТЕД ВИЖН, Република С. Македонија ја претставува младата Тијана Периќ со песната “Писмо”.
Ова е нов фестивал на кој учествуваа преставници од речиси стотина земји од цел свет. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји кои ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана, воедно и нашата земја.
Тијана Периќ, има 19 години. Со музика се занимава уште од мала, одела во нижото музичко училиште каде што учела да свирам клавир и основи на музиката. Минатата година заврши и средно музичко училиште во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, потоа се запиша на Факултетот за музичка уметност. Клавир свираи 12 години класична музика, досега  имала доста концерти, настапи и  учествувала на натпревари со клавирот. Талентот за музика го наследи од свокјот татко кој е дипломиран на музичката академија и работи како наставник по музика.
 “Писмо” е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски а исто така и за видеозаписот е одговорен тој со неговата видео продукција Krstevski Entertainment.
Спотот е сниман на три локации. Оригиналната верзија од “Писмо” е 8 и пол минути во која што Ѓорѓи сакаше да ја претстави и како вокал и како клавирист и таа смета дека идејата беше многу добра. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло пеење Александра Коцевска.
Линк од претставничката песна: https://youtu.be/5QiHY82qrp8

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.