Скопје, 29.12.2021 година
Презентирана платформата „Ајде!“ за средби помеѓу младите луѓе од земјите од Западен Балкан, со споделување на позитивни приказни.
Новогодишните дружења се синоним за добро расположение и позитивна атмосфера, особено кога чувствувате дека сите со нетрпение чекаат да ги споделите вашите приказни со нив, и каде што Вашите искуства се препознаваат, а идеите се прифаќаат.
Ваква една приказна започна од Сараево, како централно место, кое ги поврза Белград, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана. Со слоганот Youth go Hajde! , младите лидери, кои доаѓаат од шест градови, разговараа за корисноста на различните програми на Регионалната канцеларија за младинска соработка ( RYCO ) во кои тие учествуваа и преку кои разменија искуства и идеи, а менторите на програмите исто така ги споделија своите ставови во врска со овие промени.
Сепак, најголемата причина за онлајн средбата Meet Up Youth go Hajde! , која беше организирана од RYCO и поддржана од германското Сојузно министерство за надворешни работи, беше ставањето во употреба на платформата hajde.media, која беше развиена со придонес од 1.500 млади луѓе од земјите од Западен Балкан.
„Гледајќи ги овие млади луѓе, нивната волја и ентузијазам, особено во сегашнава ситуација што е предизвикана од Ковид-19 беше нешто многу инспиративно. Овие млади луѓе се професионалци, направија одлични приказни во рамките на програмата кои сега се споделуваат на Хајде! платформа. Тие треба да продолжат да го прават тоа и да бидат проактивни. Вие сте сегашноста и вие сте најдоброто нешто од RYCO“, изјави Лејла Турчило, менторка во програмата на RYCO .
Платформата Ајде! соопштува новости во врска настани кои се случуваат во регионот, споделува можности за волонтирање, вработување, учество на конференции и обуки. Осмислена е за да придонесе за градење на младите како поединци и за создавање на регионални мрежи на пријателство и соработка помеѓу младите.
„Воспоставивме директен контакт помеѓу три училишта во Травник, Куманово и Кикинда. Преку нашата програма за прв пат успеавме да ги поврземе овие локални заедници. За да можеме да се запознаеме со младите од регионот, моравме да го напуштиме регионот и да ги запознаеме во Германија, Швајцарија итн., но сега, со RYCO, тоа можеме да го направиме и дома“, рече Ален Гудало, учител во католичкиот училишен центар „Петар Барбариќ“.
За време на MeetUp средбата беше направено кратко резиме на содржината на оваа платформа. Младинската платформа „Ајде!“ е промовирана на 8 декември оваа година, за време на регионалниот состанок на министрите за млади и образование кој се одржа во Тирана. Тоа е само почеток на градење на една платформа која ќе послужи како одлична почетна точка за младите во иднина.
„Сите млади се поканети да бидат душата на оваа платформа, но не се работи само за Ајде! како платформа. Станува збор за наше поврзување денес, во периодов околу Нова Година. Да си посакаме да бидеме успешни во следната година“, рече Алберт Хани, генерален секретар на RYCO .
Презентирана платформата „Ајде!“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.