Кој е Дедо Мраз?

smart

Шетајќи низ Трговскиот центар Скопје, наидовме на Дедо Мраз кој се фотографира со децата и им ја дава таа заедничка фотографија и новогодишно пакетче (за 250 денари, и по 100 денари плус за секое следно пакетче), зошто нема детенце кое не заслужува да има професионална фотографија од своите родендени и од Новите години.
Па, овој Дедо Мраз не потсети да погледнеме на Википедија, Кој е “Дедо Мраз? “.
Се вели:
Нова година Дедо Мраз- личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и фолклорен карактер, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември според Католичкиот календар.
Дедо Мраз претставен од телевизискиот продуцент за деца Џонатан Мет
Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.
Дедо Мраз се опишува како дебел, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станала популарна во XIX век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и во филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во XIX и XX век, влијаело врз модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.
Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат.
Од 20 век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадник. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка…
Негов најпознат израз е Хо-Хо- Хо!
Тој е омилен лик кај сите од најмало дете до највозрасен човек.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.