Во периодот од 22 до 24 декември, 2021 година, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, по повод 100-годишниот јубилеј од раѓањето на Васо Карајанов, организиранизираше богата концертна програма. Својот Патронен празник беше одбележан со повеќе концертни активности во Народниот театар Гевгелија и во хотел „Аполонија“, на кои учество земаа сегашни и минати докажани ученици од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.
Во својот говор, по повод одбележувањето на 100-годишниот јубилеј од раѓањето на Патронот, директорката Сузана Стефанова истакна:
-Нашето Музичко училиште со гордост го носи името на македонскиот херој од Народноослободителната војна и заменик
командант на партизанскиот одред „Сава Михајлов“, Васо Карајанов. Духот на нашиот патрон Васо Карајанов не води и низ воспитно-образовната дејност на нашето училиште во кое годишно се вбројуваат над 130 ученика не само од општина Гевгелија, туку и од општините Богданци, Дојран и Валандово.
Овде се раѓа желбата за изучување и на други музички инструменти, а со тоа и проширување на наставниот кадар кој веќе постои како реален човечки ресурс и е спремен да го имплементира своето знаење во оваа благородна уметничка
дејност.
Повеќе од 4 децении, Основното музичко училиште „Васо Карајанов“ посветено работи на стекнување знаења и вештини кај учениците, со што обликува нови генерации на успешни музички и
балетски уметници како и продуктивни и одговорни граѓани.
Низ училиштето поминале голем број на ученици кои денес се успешни и реализирани граѓани во општеството. За некои од нив музиката станала и животна определба, професија.
Изучувањето на музичките инструменти како пијано, виолина, кларинет и флејта, а подоцна и балетот како посебен
оддел во ова училиште, несомнено придонеле за подигнување на
квалитетот и позитивните особини кај овие личности. Меѓу нив би ги издвоиле: Глигор Гелебешев – професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Невенка Чурлинова – виолинистка во МОБ, Маја Аблакова – професор по виолина на конзерваториум во Париз, Роберт Сапламаев – виолинист кој живее и работи во Австрија, Виолета Карајанова – балерина, Ѓорги Калајџиев, обоист
итн. Исто така, поголемиот дел од наставниот кадар во училиштето своето музичко образование го започнал токму во ова училиште.
Во текот на сите овие четириесет години, многу ученици од музичкото училиште „Васо Карајанов“ учествувале и добивале
награди на музички натпревари во земјата, така и на многу меѓународни натпревари во регионот.
ООМУ “Васо Карајанов”- расадник на музички и балетски уметници
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.