Се подготвува Новогодишна виртуелна трка

На 31 декември, 2021 година, Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија организира „Новогодишна виртуелна трка“. Стартот на
трката најрано ќе започне во 00:00часот, а истрчаното време треба да биде завршено најдоцна до 23:59 на 1 јануари, 2022 година.
Патеката за трчање е во должина од 5 километри. Патеката започнува од кружниот тек на булеварот „Гевгелија“,
продолжува по булеварот кон влезот на градот, надвозникот, БП „Окта“ и завршува до Мотел „Сенатор“, до самиот крај на асфалтираниот пат. Атлетичарите треба да се вратат назад, трчајќи по истата патека.
Виртуелната новогодишна трка е со
натпреварувачки карактер. Следат
новогодишни подароци за тројца победници во машка и женска конкуренција.
Пријавувањето за учество на трката трае до 29 декември, 2021 година, најдоцна до 23:59 година и е бесплатно.
Организаторите апелираат да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, учесниците да бидат облечени соодветно според временските услови, бидејќи, како што нагласуваат, сами се
одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.
За потребите на виртуелната трка се одобрени апликации за трчање, од кои ќе бидат познати резултатите од истрчаното
време на натпреварувачите (Elapsed time), и тоа, само со испраќање слика од апликацијата (Strava и Garmin connect) на официјалната е-маил адреса на Клубот:
[email protected].

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.