“Го молам ноќва небото“ од Тоше во нова верзија

Горан Папаз ја сними “Го молам ноќва небото“ во нова верзија, некогашен хит на Тоше Проески.
“Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ а вокалот е на Андреа Гроздановска.
Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски , несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка, вели.
Песната се снимаше во студиото “Гроздановски“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.