Ветување до Младинските здруженија: Приоритет на младите!

Гевгелија 24.12.2021

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и млади- членови на Клубот на Регионален центар за одржлив развој- Гевгелија. На средбата стана збор за процесот на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, а во тие рамки и соработката помеѓу локалната власт и младите.
Од страна на средношколците и младите, пред Градоначалникот беа изнесени повеќе иницијативи и можности околу примената на Законот за младинско учество и младински политики. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја изрази својата поддршка на младите, запознавајќи ги со неговата програма и идни планови, во кои приоритет им се дава на младите во општина Гевгелија. Притоа, нагласувајќи дека Општина Гевгелија е отворена за соработка и прифаќање на иницијативите на младите, кои ќе бидат спроведени во наредниот период. Како и нивното активно учество во креирањето политики на локалната самоуправа, особено, по формирањето на Локалниот младински совет. Бидејќи, како што потенцира Сарамандов, неговите заложби се младите да престанат да се иселуваат и да бидат успешни во своето родно место.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.