Годинава ќе остане запаметена, и покрај пандемијата, по бројните и впечатливи спортски случувања во општина Гевгелија.
Гевгелискиот маратон по повод 7 Ноември- Ослободувањето на градот, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, Гевгелија ја впиша на атлетската мапа. Ова трка беше досега најмасовната во регионот, со потенцијал истата да стане традиционална, на која учествуваа околу шестотини атлетичари,
натпреварувајќи се на трките на 5 и 10 км. За првпат, беше одржана и трка на миленичиња. Членовите на АК „7 Ноември“, годинава, учествуваа и на атлетските трки во државата и странство, остварувајќи многубројни успеси, бранејќи ги боите на својот клуб.
„Гевгелија на точак“, во организација на „Чејнџмејкерс“ повторно ја врати старата традиција во Гевгелија- парадно возење
со велосипед низ улиците на градот. На трката учествуваа околу 300 учесници, на различни возрасти.
Во спортската 2021 година, останаа во сеќавање и планинарските акции на двата гевгелиски планинарски клуба„Кожуф“ и „Двете Уши“. До првата половина на ноември, годинава, ЗПСК „Кожуф“ може да се пофали со реализираните планинарски и работни акции од локален, републички и меѓународен карактер, чиј вкупен збир изнесува 56. Организирани се традиционалните планинарски маршеви и меморијали на Кожуф Планина и тоа: „28 Традиционален планинарски марш Перо Илиевски“, „3 Меморијал Димитар Кангов Кангата“, „8 Патронат на Планинарскиот дом Томе Шутов Кротки“, како и 3 планинарски акции со родители и деца.
Како и ПСК „Двете уши“ со 44 планинарски акции. Од кои: „3
Традиционален планинарски марш до Мала Рупа“, искачувањето на нивен член на врвот Елбрус во Русија и освојувањето на најголемата планина во Турција- Арарат, ноќните искачувања на врвот Љуботен на Шар Планина, искачувањето на Солунска глава и Голем Кораб.
Меморијалниот турнир во баскет, по повод роденденот на Иван Пенов, прерано починатиот кошаркар на КК „Кожув“, привлече голем број млади љубители на кошарката.
Натпреварите на турнирот се одиграа на новоуреденото кошаркарско игралиште зад Детската градинка „Цветови“.
Годинава, не изостана и организацијата на турнирите во фудбал. Беше одржан и 20-ти по ред Традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“ во Богородица, на кој
учествуваа 25 екипи составени од млади фудбалери и идни фудбалски надежи од општина Гевгелија и соседните општини. На КМФ турнирот 2021 во мал фудбал, во населеното место Миравци, чиј организатор е здружението „КМФ- Миравци“, се натпреваруваа 24 екипи во сениорски ранг, а 12 јуниорски екипи.
Организаторите ЗГ „Митко Ќаев“- Баче од Богородица за првпат ги одржаа „Летните забавни игри“, на спортскиот центар „Мирата“ во населеното место. На настанот учествуваа околу 80 дечиња од
6 до 12 години, имајќи можност да се запознаат со спортот преку спортски активности, со цел да се поттикне спортскиот дух кај нив.
Професионалните спортски клубови продолжија со одмерување на силите во постојните лиги. КК „Кожув“ по слабиот
старт во првенството на Првата кошаркарска лига, успеа да го подобри својот пласман и се најде во горниот дел од табелата. ФК „Кожуф“ продолжува да се натпреварува во Втората лига Исток, сезона 2021-2022 година, моментално рангиран на 5 место.
Ракометарите на „Партизан 2016“ се натпреваруваат во Првата лига А во сезоната 2021-2022 година, моментално рангиран на 7 место, додека ЖРК „Гевгелија“ продолжува да се натпреварува во Суперлигата жени- група А, моментално рангиран на 7 место.
Младите од Гевгелија ги обожаваат маратоните
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.