ЖЕШКА САКСИЈА СО ОРИГАНО
Оваа традиционална италијанска туршија е идеален додаток за сендвичи, сосови и тестенини,а одлична е и како прелив за пица. Може да се користи за многу други јадења се зависност од личниот вкус и кога ќе ја пробате ќе знаете каде се може да ја комбинирате.
Состојки:
- 2 зелени пиперки
- 2 црвени пиперки
- 8 свежи халапењо пиперчиња
- 1 целер (листовите)
- 1 морков
- 1 мала главица кромид
- ½ шолја цветови карфиол
- ½ шолја сол
- 2 чешниња лук
- 1 лажца сушено оригано
- 1 лажица црвен пипер
- ½ лажичка бибер
- 150 грама зелени маслинки
- 1 шолја оцет
- 1 шолја маслиново масло
- вода
Исецкајте ги на коцки зелените, црвените и халапењо пиперките, целерот, морковот и кромидот, раздвојте го карфиолот на цветчиња па се ставете во една длабока чинија, посолете и додајте вода да ги преклопи состојките. Вака подготвени покријте ги со кеса или фолија и оставете ги да одстојат во фрижидер преку ноќ. Следниот ден исцедете ја водата и исплакнете го зеленчукот. Добро измешајте го исецканиот лук, оригано, црвен пипер, бибер и маслинки, маслиновото и оцетот и прелејте ја смесата преку зеленчукот. Се добро измешајте за да се соедини и претурете го во тегла која ќе ја затворите и ќе ја оставите да одстои два дена во фрижидер. Потоа уживајте во овој италијански рецепт.