Друштво на ликовни уметници на Македонија денеска, 20.12.2021 година, ја промовираше монографијата по повод 75 годишнината од своето постоење, од авторот професор д-р Кирил Пенушлиски.
Монографијата ја претстави проф. д-р Лорета Георгиевска, од Институт за македонска литература.
Промоцијата со воведен збор ја отвори Претседателот на ДЛУМ, професор м-р Филип Фидановски.
Во книгата се поместени историски факти за уметниците кои го основале и биле дел од друштвото, а свои текстови имаат Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител како и уметниците Коле Манев, Тања Балаќ и Фидановски.
Се одржа во Едукативен центар М6.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.