ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, по повод 100-годишниот јубилеј од раѓањето на Васо Карајанов, организира богата концертна програма. Во периодот од 22 до 24 декември, 2021 година, Музичкото училиште, својот Патронен празник ќе го
одбележи со повеќе концертни активности во Народниот театар Гевгелија и во хотел „Аполонија“, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.
На 22 декември, со почеток во 17 часот, во Малата сала на Народниот театар, ќе биде одржан Новогодишниот концерт на Музичкиот оддел. Додека, истиот ден, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Народниот театар, Балетскиот оддел ќе настапи со програма по повод завршувањето на 2021 година.
Во Малата сала на Народниот театар, на 23 декември, со почеток во 17 часот и 19 часот, свои настапи ќе имаат
учениците по виолина во класата на професор Маја Зафирова и учениците по пијано во класата на професор Владо Сапламаев.
На 24 декември, со концертни дела ќе настапат учениците по флејта во класата на професор Сузана Стефанова и учениците по виолина во класата на професор Соња Панова, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 17 часот.
Одбележувањето на Патрониот празник на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија ќе заврши истиот ден, со концерт на млади
музички таленти, во хотел „Аполонија“, со почеток во 18 часот.
Ќе настапат: Љубица Улиш, Никола Павлов и Мими Дучева на пијано, Пандорка Јанаќиева на флејта и Теа Пејиќ мецосопран.
ООМУ “Васо Карајанов” со концерт ќе одбележи 100-годишнината од раѓањето на својот Патрон
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.