Перформансот „СРАМ“ вечерва во МКЦ

Скопје, 20.12.2021

Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се изведе перформансот „СРАМ“ на Ангела Стојановска.

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“
СРАМ
перформанс на Ангела Стојановска

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“

Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска

Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург

Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка

Извршна продуцентка: Емилија Чочкова

Костим: Раде Василев

Сценографија: Мартин Манев

Дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ

Фотографијa на промо материјал: АниДими

Bodypaint: Бојан Ковски

Времетраење: 60 мин

Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.

Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот во платформа за изведувачки уметности, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар.

Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.

Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival.

Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.

Влезот е слободен, со претходно подигнување на бесплатен/протоколарен билет на билетарница во МКЦ или онлајн преку bileti.mkc.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.