“GREEN FORCES” е песната со која Филип, Миха, Анастасија и Кики во недела на 19.22.2021, ќе нѐ претставуваат на Детска Евровизија во Париз. Нивната песна е со порака за заштита на животната средина и против последиците од глобалното затоплување.
Фестивалот ќе се одржи во концертна сала „La Seine Musicale“ во Париз, за што е заслужна Валентина, која минатата година ѝ ја донесе победата на Франција. Директен пренос ќе има на Македонската радио-телевизија, а ЕБУ и Францускиот национален сервис како домаќин и ветуваат атрактивно шоу.
Децата веќе ги одржуваат главните проби во градот на светлината. Ќе настапат под реден број 18. Може да се гласа и преку официјалниот сајт на детска Евровизија.
Гласањето почна на 17 декември во 20 часот, а завршува на 19 декември во 15:59 часот, на веб страната www.junioreurovision.tv
Треба да изберете 3 земји, исто така можете да гласате и за сопствената држава.
Последното гласање ќе биде повторно отворено на 19 декември, кога и се одржува фестивалот, 15 минути по завршувањето на финалето, на истата веб страница.
Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од националните жирија (50% од вкупните бодови)!
Детски избор за песна на Евровизија или скратено Детска Евровизија — музичко натпреварување наменето за деца. Се одржува од 2003 година, а натпреварувачите мора да бидат на возраст од 9 до 14 години. Основана е со цел да им се даде можност на младите пејачи пред нивните евентуални настапи на Евровизија. Натпреварувањето е организирано од страна на ЕБУ.
Македонија учествува на Детска Евровизија од самиот почеток во 2003 година, кога настапија Викторија Лоба и Марија Арсовска со песната “Ти не ме познаваш” кога делегацијата ја предводеше Татјана Гогоска.
ОВАА НЕДЕЛА, ДЕТСКА ЕВРОВИЗИЈА: Во тек е гласањето на официјалниот сајт!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.