Излезе од печат 8 издание на „Метрички карван“

Излезе од печат 8 издание на антологиската поетска збирка „Метрички карван“, во издаваштво на ЈОУ Библиотека„Гоце Делчев“- Гевгелија. Во годинашното издание на збирката поезија се застапени творби на 25 поети и поетеси од Гевгелија и
соседните населени места и Охрид. Од роднокрајните автори учествуваат: Стефан Марковски, Стефчо Стефанов, Лилјана Пецова- Илиеска, Васил Тоциновски, Димитар Арнаудов, Кирил
Кангов. Јосип Коцев, Катерина Гогова, Пепи Стамков и Петар Јанчев. А, од Охрид: Димитар Пандев, Бранко Цветковски, Диме Ратајковски, Зоран Јакимоски, Дамјана Видическа, Марина
Икономова Шокева, Мирко Томовски, Паско Кузман, Пере Ристески, Славе Ѓорѓо Димоски, Емилија Карафилоска, Смиле Наумоски Брсјак, Стефан Костоски, Ана Рувиноска и Тоде
Илиевски.
– Поетскиот алманах „Метрички карван“ ни ја донесува поетската реч на дваесет и пет современи македонски поети. И
како што секој карван, минувајќи низ разни места во себе впива и понесува разноликости и убавини, мириси и одблесоци од местата низ кои минува, така и овој амбициозен и, пред се, успешен проект, ни ги распостила поетските душевни дамари на овие
поети од кои петнаесет се од нашата вековна престолнина – Охрид, а десет се од она најјужно гратче на нашата Македонија, толку познато и опеано – Гевгелија.
Поетскиот алманах „Метрички карван“ несомнено ќе си го најде местото меѓу вљубениците на современата македонска поезија, зашто ја обединува поетската реч на автори од различни
професионални провиниенции, од различни поетски генерации, но
истовремено автори кои ги изразуваат сите оние безвременски и вонвременски хуманистичко-егзистенцијални вредности за опстојбата на човекот среде ветриштата на не/времето. А
единствениот начин да се опстои среде сите ветрометини е да се продолжи со создавање на вакви поетски ковчези кои ќе бидат понесени во многу карвани и долго ќе предизвикуваат естетска наслада и задоволство кај читателите, стои во рецензијата на
„Метрички карван 8“, напишана од професор д-р Јованка Денкова.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.