Филмот СЕВЕРЕН ПОЛ, продолжува да освојува награди

По освојувањето на „Големата награда” на фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди, освојувањето на наградата „Златна колица” за најдобар краток филм на „Загреб Филм Фестивал, филмот „Северен пол” на Марија АпчевскаПетровска во продукција на „Кино Oко ја доби наградата „Санта Луциа” за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота.

Следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска.
Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на РС Македонија и Српскиот филмски центар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.