„Ритамот во себе“ е мултимедијална
продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години која премиерно ќе биде изведена во сабота во 12 часот во Камерната сала на Филхармонија. Напрограмата се делата за перкусии во изведба на Антоние Весковски, Благоја Антовски, Атанас Алексов, Влатко Митев, Иван Узунов, Теодор Теодосиевски, Зорица Здравковиќ и Кораб Хајдари .
Визуелизацијата е на Емил Петров и
Доријан Миловановиќ.
Филхармонија, која годинава
концертната сезона ја реализира под
мотото „Филхармонија во движење“, се
приклучува во борбата против загадувањето, а во истовреме дава
порака дека животот е движење. Ние сме првата генерација која што го
чувствува ефектот на климатските
промени и можеби последната која има
шанса да направи промени.
Токму темата за климатските промени и
човекот како најголем импакт фактор
(фактор на влијание), се инспирација за
создавањето на оваа музичка приказна,
која за крајна цел го има будењето на
индивидуалната свест, а наведува и на
критичко и креативно размислување на
темата за заштита на животната средина и справувањето со климатските промени.
Oдлуката да се спаси животната средина, мора да потекнува од човечкото срце.
Затоа исклучително важно е да и
веруваме на својата интуиција и да го
следиме своето срце. Светот е нашето
огледало и тој се менува заедно со
нашата сопствена промена. А, ритамот на промените е во секој од нас.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.