Доделени наградите “Раскажувам фотографија 2021”

На Фб страницата Фондот на Холокаустот се објавени резултати од вториот литературен конкурс за краток расказ, на тема “Раскажувам фотографија 2021”.

Според одлуката на жирито:

Првата награда му припадна на расказот „Здолниште од пеперутки“ од Силвана Димитриевска (на тема/фотографија: Жената Еврејка).

Втората награда оди за расказот „Партија шах“ од Александар Тасевски (на тема/фотографија: Евреите и спортот).

Третата награда му се додели на расказот „Лицето на Маген Давид“ од Сузана Ѓорѓиевска (на тема/фотографија: 11 март 1943 – депортација и последно патување).

Жири-комисијата сака посебно да ги истакне и со тоа да ги пофали со доделување Пофалници и овие три раскази:

„La Clave“ од Јована Матевска Атанасова (на тема/фотографија: Еврејски поговорски)
„Судиска грешка“ од Мартин Милев (на тема/фотографија: Евреите и спортот)
„Клучот“ од Билјана Станковска (на тема/фотографија: Еврејски поговорки)

Наградените три раскази ќе бидат објавени на нашата ФБ страна.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.