На 15 декември: „Музичка сликовница“ од Тома Прошев и предавање на проф. д-р Искра Шукарова

Во рамките на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот „Научни среди“ со предавањето на проф. д-р Искра Шукарова „Танцовиот проект „Гласот на телото“ (Скопје, 2021) низ призма на идеите на Далкроз и Лабан“. Предавањето ќе се одржи на 15 декември на платформата zoom со почеток во 19 часот. Сите заинтересирани може да се приклучат преку сајтот на ФМУ: http://www.fmu.ukim.edu.mk/

На сајтот и YouTube-каналот на ФМУ објавен е и најновиот дел од програмата „Musica Viva за деца“ која овојпат ја претставува „Музичката сликовница“ (1959) од композиторот, долгогодишен професор и поранешен декан на Факултет за музичка уметност, Тома Прошев (1931–1996). Седумте става на „Музичката сликовница“ оригинално напишани за пијано, за потребите на оваа програма се прилагодени во изведба за хармоника. Подготовката на изведбите и реализацијата на снимките се под водство на проф. м-р Зорица Каракутовска. Настапуваат студентите Виктор Кулески, Милош Кировски и Дарко Кулевски од прва година од нејзината класа. Овие изведби може да се проследат на следните линкови:

Факултет за музичка уметност

Тома Прошев
Моето коњче

Виктор Кулески – хармоника, I година

Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

Тома Прошев

Тага за ластовичките

Дарко Кулевски – хармоника, I година

Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

Пролетен ветрец

Милош Кировски – хармоника, I година

Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

Покрај ова, прославувајќи ја 55-годишнината на Факултетот за музичка уметност од Скопје, на каналот БузАр поставени се 4 видеа од ИРАМ-овите хроники од 2004 година. Во овие хроники, во текот на десетина години, студентите на одделот по сонологија со мултимедија, предводени од професорите Димитрије Бужаровски и Трена Јорданоска, снимија над 170 кратки видеа од различни настани во земјата и во странство поврзани со дејноста на ФМУ.
Во овој избор се прикажани настапите на хорот на ФМУ со диригентката проф. д-р Сузана Костиќ и Симфонискиот оркестар на ФМУ со диригентот проф. м-р Борјан Цанев, студентите по гитара и студентите по соло пеење од класата на проф. м-р Марија Муратовска-Наумовска во 2004 година.

IRAM Chronicle Movies – 4 videos from the concerts of UKIM FMU students

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.