АЛЕКСАНДАР РАДИЧЕСКИ: Камчиња претворам во уметнички слики, ги оживувам и ѝм давам душа!

Рачните изработки, handmade, се нешто на кое не се имуни луѓето со талент. Вие сте еден од нив. Кога почнавте да се занимавате со рачно изработената уметност?

-Веќе шеста, седма година се занимавам со овој тип на уметност, поточно слики со врамени камчиња и природни материјали.
Што најчесто изработување како мотив и инспирација, но и со какви материјали? Имаат ли предност природните материјали?
-Најчесто изработувам теми кои опфаќаат природа и фамилијарни односно семејни теми, најбарани ми се тие две теми. Секако постојат и многу други теми кои може да се изработат. Секоја слика/тема се состои само од природни камчиња и материја, целта е сѐ да е природно, а со тоа самата слика има “душа” и убавина.

Еден од ретките или можеби единствен во Македонија која се занимава со украсни слики, односно уметност која се среќава како pabble art (врамени камчиња и природни материјали ). Каде го научивте овој зaнaет и зошто Ве привлече толку многу?

-Оваа уметност е лично мое достигнување немам посетувано било каков курс, обука и слично, сѐ произле од мене. Првенствено поседувам широка колекција на уникатни природни камчиња, и во еден момент се решив од истите да направам некоја творба/дело, и така се создадоа овие  слики. Јас пред сѐ фотографирам и сум активен планинар, вљубеник на природата можеби и тоа беше поттик на некој начин да ја вметнам самата природа во слика.
Колку вакви слики досега имате изработено? На кој начин тие стигнуваат до купувачите?
-Откако почнав да се занимавам со оваа уметност до денес имам направено околу 140 слики од ваков тип. Најчесто самите купувачи ги земаат, или лично јас организирам да стигнуваат до нив, така би бил сигурен дека безбедно би стигнале до самите нив, што и воедно ми е битно тоа, и е во доменот на професионализам.

На нив сѐ е природно, освен лакот. Колку време одзема правење на една ваква слика? Правите ли по нарачки?

-Точно на нив сѐ е природно свен лакот со кој се лакираат. Околу десетина дена трае изработката на слика, бидејќи станува збор за премногу ситни детали кои пред сѐ мора уредно да се одберат/сортираат според избраната тема на купувачот. Исто така подлогата мора да е прецизно избрусана, тука е и врамувањето, би спомнал дека секое одбрано камче или било кој друг детал мора прецизно да се обработи за да може убаво да се прицврсти и вклопи во самата слика. Последен процес е лакирањето кое се состои од минимум “две раце” (две лакирања н.з.) и зависно од подлогата по првото лакирање потребно е минимум ден- два да исуши.

Зад зебе имате две изложби, раскажете ни малку повеќе за нив. Подготвувате ли трета изложба?

-Да, така е. Зад себе имам две успешни изложби, првата беше фотографија, додека втората беше фотографија и рачно изработени слики, но и дел од колекцијата камчиња,  и истата  брои повеќе од 15.000 камчиња. Да, ќе има и трета изложба во Скопје, но сепак до следната има време, па детали околу истата би споделил во друга прилика.

Рековте дека се занимавате и со фотографија и со планинарење. Како наоѓате време за сѐ, секако пред сѐ и за домашните и работните обврски? 

-Сметам дека секој доколку сака ќе најде време особено за она што сака и исполнува, па така и јас засега успевам, со правилен распоред и план на секоја обврска, навистина се успева.

И за крај, бидејќи сте од Гостивар, сметате дека тоа е предност или не, во однос да тоа да живеевте во поголем град каде полесно би доаѓале до можност за изложби и публицитет, но сепак би ја немале таа комоција во уметноста, што ја нуди помало гратче наспроти македонската метропола.

-Засега сум задоволен и сметам дека местото на живеење не е проблем. Учествувам на изложби, базари и слично и како гостин, но и како автор, воедно било кој настан е еден начин на самопромоција и рекламирање. Делата може да се видат на фб профилот AleksaNdar Radiceski, на фб страната AleksaNdar Stone Art, додека на следниов линк публиката може да погледне целосен опис од што сѐ е составена една слика: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4520997687932290&id=100000663116716

Валентина Ѓоргиевска Парго 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.