Прославен патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Со пригодна реч за Свети Климент Охридски, со рецитал, лиоературни творби, музички нумери, како и спортски вежби, учениците и наставниците од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци го прославија својот Патронен празник. И, оваа година, поради КОВИД-пандемијата, празникот беше одбележан виртуелно.
– Честит и вековит да ни биде Денот на училиштето и да го спомнуваме нашиот патрон, Климент Охридски!, напишаа тие на Фејсбук-страната на своето училиштето.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати честитка до колективот и учениците во ООУ „Климент Охридски“, посакувајќи им успешна реализација на воспитно-образовниот процес и чествување на Патрониот празник
долги лета, во чест на сесловенскиот просветител, основоположник на Охридската книжевна школа, како должност на сите, оддавајќи почит за неговиот лик и дело.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.