ВАЖНО: Град Скопје 24 часа електронски во служба на граѓаните

Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected]k како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.

Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели.

Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.