Храм на Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя)- највисоката православна црква во светот. Црквата се наоѓа во Москва, на кејот на истоимената река.
Кога последниот војник на наполеонската војска ја напуштил Москва, царот Александар I потпишал Манифест на православната црква на 5. декември 1812, преку кој јасно ја искажал неговата намера за градење на Катедрала во чест на Христос Спасителот, која би ја означила нивната благодарност кон Бога за спасувањето на Русија од „непријателот кој ја затемни“ и која истовремено би служела како меморијален споменик на жртвите на рускиот народ.
Првиот архитектонски проект за катедралата бил завршен од самиот Цар во 1817 година, изведен во неокласичен дизајн исполнет со масонски симболи. Првите градежнички работи биле започнати на највисоката точка на Москва, која многу скоро се покажала како несигурна. Во меѓувреме, Александар I бил наследен од неговиот брат НИколај I, кој бил голем патриот и православен верник и кому масонските и неокласични елементи не му се допаѓале.
Поради тоа, тој го анагажирал својот најомилен архитект Константин Тон да направи нов дизајн на катедралата, но овој пат по примерот на Света Софија од Истанбул, тогашен Цариград. Новиот неовизантиски стил бил одобрен, и во 1839 година започнала изградбата на конаците и Црквата на новоизбрана локација покрај реката Москва.
Во 1931 година по наредба на Сталин, црковниот храм бил уништен,за повторно да е изграден и обновен по диктаторското владеење на овој руски политичар.