Претпријатието „Лајка„ кое треба соодветно да се грижи за бездомните кучиња во Скопје, по шестмесечното работење во кое имаше најразлични контраверзни информации, деновиве доби нов раководител, в.д директор, по предлог на граѓанскте здруженија, активнисти за заштита на бездомните животни, е поставен Воислав Димитровски (фотографија, извор фб).
Со овој простор конечно Скопје доби објект ставен во услуга на граѓаните, а во интерес на бездомните кучиња.
Претпријатието “Лајка” се формираше на 28 февруари минатата година. Кога ќе почне да фунцкционира ќе треба да се грижи за кучињата скитници, а планирано беше воведување и на 24 часовна шинтерска служба.
Според програмата која ја имаат би требало за неполна година стратешки да се реши проблемот со кучињата на скопските улици кој е долги години хроничен и актуелен, беше целта на почетокот од реализирањето на овој проект. Но, во овој да го наречеме преоден период се уште клучна улога во спасување на бездомните од улица, од болести се уште ги имаат граѓанските организации за заштита на животни.
Активностите би требало да се во насока на заштита на животните а со тоа и на луѓето особено на оние на кои овие бездомни, што можат да бидат нечии миленици, им пречат и ги плашат.