Оние рамбовисти кои ќе бидат дел од концертот на 26 декември 2021 во Дом на Синдикати во Белград, или ќе следат онлајн, имаат задача да ја повторат и се потсетат на песната од деведесеттите “Зрео за пензију”.
Нивниот поглавица Рамбо Амадеус, заедно со “Фајф Винетус” ќе ја отсвири, малку преаранжирана и направена соодветна на актуелните случувања.
-Еве ја песната која по 30 години ја добива својата целосна смисла. Овој гитарски риф и денес звучи сосема запалливо, оригинално. Скофилд, Џеф Бек, секако и Точак – и денес ми се примери. Но се обидувам да имам свој личен стил на свирење. Се гледаме на 26 (декември) на концерт. Во живо или
онлајн преку платформа, напиша на фејсбук, и сподели линк од пробата на песната “Зрел за пензија” (во оригинал “Зрео за пензију”).
Рамбо Амадеус: “Зрел за пензија”!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.