“ПодГотвено”, “Вистинскиот запад”, “Работи за кои не зборуваме” денес на МОТ

Програма на 46. МОТ за 4.12.

4 декември (сабота)

ПодГотвено /
режија: Дејан Спасовиќ

време: 18 / локација: МКЦ клуб ресторан

Подготвено е интердисциплинарен експериментален проект, кој ги обедини активностите од различни области на уметноста (театар, музички, визуелни уметности, музика, танц) и во исто време е интеракција на уметничките активности и други сфери (родови политики). Трите актерки се иста личност од различен период од нејзиниот живот, кои меѓусебно разговараат преку музика, танц и перформативен чин на подготовка на храната. Актерките го иницираат и дијалог со публиката која е директен и активен чинител во самата претстава, која дополнително ќе ги истражува мембраните меѓу животот и уметноста, помеѓу изведувачот и публиката, егзибиционизмот и воајеризмот.
Овој проект ги отелотворува овие три аспекти и ги носи на една маса, воспоставувајќи дијалог, кој се нурнува во нивните социјални, културни и родови елементи.

Вистинскиот запад / Штрих, Скопје (МКД)
режија: Борис Василески

време: 20 / локација: МКЦ, сала 25 Мај

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.

Работи за кои не зборуваме / Вондерленд театар, Скопје (МКД)
режија: Нела Витошевиќ

време: 22 / локација: МНТ

Работи за кои не зборуваме е театарска претстава, која преку интимни и емотивни приказни, сака да им даде глас на општествените проблемите за кои не се зборува. Преку низата вистинити приказни, во кои секој може лесно да се пронајде, претставата отвoра прашања за патријархалното уредување во регионот, но и пошироко. Низ повеќе сцени инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал, претстава ги става акцент на проблемите поврзани со депресијата, траумите од детство, дискриминацијата, злоставувањето и насилството, религијата, агресијата и нетолеранцијата како и разни психолошки проблеми и однесувања со кои поединецот секојдневно се соочува. На трагикомичен начин претставата прави критика на балканското патријархално милје, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.