Од вторник 7 декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид , НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.
Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид -19.
Тимот на библиотеката паралелно со секојдневните обврски, работеше и на преселувањето од еден во друг простор на над 150 000 библиотечни единици белетристика, стручна литература и периодика.
Годинава НУ Библиотека „Григор Прличев“ одбележува седум децении откако го носи името на патронот – големиот поет и преродбеник Прличев.
Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.