„Модиљани“ и “Срам” вечерва на МОТ

Програма на 46. МОТ за 3.12.

3 декември (петок)

МОДИЉАНИ / ПИК Продукција
режија: Сибел Абдиу

време: 20:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај

„МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо. Ова дело го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност.
– Сибел Абдиу, режисерка


Срам / Прво па женско
Авторка: Ангела Стојановска

време: 22:00 / локација: МКЦ, Фросина

Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.
Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич, кои ги реализира ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.