Скопје, 2 декември, 2021
Сеавус Едукативен и развоен центар во соработка со IMPACT Foundation го отвора повикот наменет за сите заинтересирани жени и девојки од ранливи категории кои сакаат да ги надградат своите дигитални вештини преку субвенционираната програма (академија) за ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ.
Програмата е првенствено наменета за невработени девојки и жени до 29 години, а предност ќе имаат апликациите кои ќе бидат од внатрешноста на земјава.
Времетраењето на академијата е 4 месеци и истата комплетно ќе се одвива онлајн. Сеавус Едукативен и Развоен Центар заедно со RECONOМY покриваат 80% од вкупната школарина. Остатокот од школарината во износ од 270 евра (во денарска противредност) учесничките ќе имаат можност да го исплатат на рати најдоцна до 1 декември 2022 година.
Доколку сакате да бидете дел од оваа програма, пополнете ја апликација на следниот линк. (ЛИНК), по што ќе бидете контактирани од страна на СЕДЦ.
Повикот ќе биде отворен најдоцна до 13 декември 2021, а за сите дополнителни информации можете да се обратите на следната имејл-адреса [email protected]или контакт телефон 075 334 547.
****
Сеавус Едукативен и развоен центар е водечки тренинг центар специјализиран за ИТво Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот.Низ програмите на СЕДЦ годишно се обучуваат околу 500 кандидати стекнувајќи нови вештини и компетенции за дооформување и дополнување на образованието или преквалификација.
www.sedc.mk
RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
https://www.helvetas.org/en/eastern-europe/north-macedonia
https://www.sida.se/en/about-the-website/cookies/