Вечер (16.април) од 20 часот во Националната опера и балет, Ансамблот за народни игри и песни „Танец”, ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт.
Концертот оваа година е насловен „Велигденско будење” и содржи богата музичко-сценска програма, која содржи фрагменти на кореографии, вокални и оркестарски изведби од поновиот репертоар на Танец.
Танец, кои многумина ги нарекауваат чувари на македонското музичко-фолклорно богатство, најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности.
Вечерва на Велигденскиот концерт како традиција ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец”, кој со овој концерт ја почнува јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.