На 9 декември, со почеток од 21 часот во МКЦ, сала Фросина ќе се одржи концерт на „Foolish Green“.
По неколку годишна пауза, бендот е во погон со најава за нов албум на почетокот на 2022. „Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски Брус, алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“ и др.
Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.