24 ноември, 2021
Неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е микс од автори од домашната и светската книжевна продукција.
Тука се двете збирки со раскази од Лилјана Пандева „Заорани“ и второто издание на „Два Божика“, стихозбирката „Почетни координати“ од хрватската поетеса Моника Херцог и книгата составена од критики и рецензии за книги „ 2 Минути и 40 реда“ од Александра Јуруковска .
Насловот ја носи реалната симболика на малиот простор кој и се отстапува на културата во медиумите . Издавач на веќе споменатите изданија е ПНВ Публикации од Скопје.
На пултот за зајмување од денеска читателите може да ги побараат и книгите во издание на Матица македонска: „Крв и убавина“ од Сара Дунант, „Последното патување на Валентина“ од Санта Монтефјоре и „Современо семејство“ со поднаслов: „Прирачник за преживување“ од клиничкиот психолог Најџел Лата.
И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се соочува со проблемот позајмени а не вратени книги. Од таа причина Библиотеката во јуни одлучи да ги повика сите корисници кои зајмиле книги до 2020 а не успеале да ги вратат, да го сторат тоа најдоцна до 31 декември, годинава. Целта е книгите повторно да го продолжат својот живот меѓу читателите.
Потсетуваме дека годишната членарина за деца – ученици е 200 а за возрасни 300 денари. Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок од 8. 30 до 18. 30 часот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.